Изгледа дека информацијата за Нејмар и Јувентус која се појави вчера не е само медиумска шпекулација! Барселона е фаворит, но сега и Јувентус стапи на сцена!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Мундо Депортиво“ најави дека би можело да дојде до состанок со таткото на Нејмар и луѓето од Јувентус, а потоа се јави „РАИ Спорт“ кој исто така пишуваше дека Нејмар Сениор ќе седне на маса со Партичи.
Тој состанок ќе биде чисто информативен, нема се уште преговори, но очигледно Бразилецот ја разгледува опцијата да потпише за клубот од Торино. Јасно, доволно е само да кажеме дека во ист тим би ги гледале Нејмар и Кристиано Роналдо.
Не е ова прв пат Јувентус да се споменува како можна дестинација за Нејмар, меѓутоа тука се уште Реал, Баерн и Манчестер Јунајтед.
Како и да е последната информација е дека таткото на Нејмар е во Торино и дека разговори. Јувентус во овој преоден рок веќе ги доведе: Де Лихт, Рабио, Рамзи, Ромеро и Демирал, а доведувањето на Нејмар би бил огромен економски скок.
Ќе видиме колку Јувентус може во целата приказна. Но јасно е дека после оваа информација шансите драстично се зголемуваат. Ако таткото на Нејмар навистина е во Торино, веројатно не отишол да ужива во убавините на градот.
Треба да се потсети и дека Нејмар неодамна пред околу една недела беше во посета на Торино и каде што се дружеше со Роналдо.