Дома Трансфер зона Oфицијално: Атлетико го доведе деветтото засилување!

Oфицијално: Атлетико го доведе деветтото засилување!

Aтлетико Мадрид денес доведе уште едно засилување.

Станува збор за сега веќе поранешниот дефанзивец на Еспањол, Марио Хермосо кој одигра две добри сезони во клубот од Каталонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хермосо има 24 години, а освен на позицијата стопер може да игра и како лев бек. Претходно во својата кариера Хермосо беше дел од јуниорите на Реал Мадрид, Реал Ваљадолид, а потоа и играше и за Реал Мадрид Кастиља.

Сумата за кој овој фудбалер пристигнува во Мадрид е помеѓу 35 и 40 милиони евра.

Тој е деветтото засилување за Атлетико оваа сезона, пред него во клубот пристигнаа: Жоао Феликс, Маркос Љоренте, Киеран Типие, Фелипе, Ренан, Лоди, Иван Шапоњиќ, Ектор Ерера и Николас Ивањез.

Ќе потсетиме, клубот го напушти Антоан Гризман кој заврши во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…