Пол Сколс, една од најголемите легенди на Манчестер Јунајтед, изнесе сурова проценка за актуелниот состав на клубот, сугерирајќи дека дури осум играчи немаат иднина на Олд Трафорд.
Сколс во разговор за ТНТ Спорт ја анализираше ситуацијата во Манчестер Јунајтед откако дојде новиот менаџер Рубен Аморим.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Меѓу неговите заклучоци се најдоа и некои контроверзни одлуки, но и јасни пораки кога станува збор за иднината на клубот.
Најголемо изненадување беше ставот на Сколс кон голманот Андре Онана.
Неговите настапи од летото беа под јавно око најмногу поради големите грешки, но легендата на Олд Трафорд застана во негова одбрана.
“Сѐ уште мислам дека Онана може да покаже многу повеќе. Искрен да бидам, би го задржал на голот,” рече Сколс.
Но кога станува збор за одбраната, за Матис де Лихт и Лисандро Мартинез немаше милост.
Сколс јасно истакна дека тие не заслужуваат место во Јунајтед и дека треба да најдат подобри опции.
Во критикуваните играчи се најде и англискиот репрезентативец Лук Шо, со причина честите проблеми со повредите.
“Ми се допаѓа како играч, но никогаш не е спремен. Треба да се продаде,” беше коментарот на Сколс.
Слична судбина го чека и Мејсон Маунт, чиишто чести повреди се сè повеќе видливи на неговиот перформанс.
Сепак, Сколс ги брани двајцата млади таленти – Алехандро Гарначо и Коби Мeјно – кои се поврзуваат со заминување, само поради правилата за профит и одржливост (ПСР).
“Лудост е да се размислува за продажба на Мeјно. Тој е светла точка на иднината на Јунајтед, играч што може да го носи клубот наредните десет години,” рече Сколс.
Иако Гарначо имаше предизвици под палката на новиот тренер,Сколс верува дека има потенцијал кој би му донел важна улога во тимот.
Најмногу внимание привлекоа коментарите на Сколс за Маркус Рашфорд, кој веќе бара излез од клубот.
Барселона и Борусија Дортмунд се главни кандидати за неговиот потпис, но пречки во врска со неговата плата ги забавуваат преговорите.
“Ерата на Рашфорд во Јунајтед завршува, тоа е јасно. Време е за нова средина,” посочува Сколс.
Покрај него, Ентони и Џошуа Зиркзе се исто така меѓу оние што Сколс ги смета за вишок, додека за Касемиро верува дека неговата кариера е во завршна фаза.
Со оглед на тежок преоден период, Рубен Аморим и сопствениците на клубот се соочуваат со предизвик како да балансраат финансиите и да ја одржат конкурентноста на терен.
Зборовите на Сколс сигурно не поминаа незабележано, но јасно е дека конечните одлуки ќе ги донесат менаџерот и управата.
Едно е сигурно – ако советите на Сколс бидат послушани, Јунајтед би можел да доживее најголеми промени во составот во последните неколку години.