Дома Фудбал Сити обезбеди полуфинале на ФА Купот со пресврт против Борнмут

Сити обезбеди полуфинале на ФА Купот со пресврт против Борнмут

Фудбалерите на Манчестер Сити успеаја да победат со резултат 2-1, совладувајќи го Борнмут на гости и со тоа си обезбедија место во полуфиналето на ФА Купот.

Отворањето на натпреварот за „граѓаните“ не беше најдобро. Ерлинг Халанд во 14-та минута не успеа да реализира пенал, што подоцна Борнмут го искористи како предност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Само седум минути подоцна, Еванилсон го донесе Борнмут во водство со 1-0, што беше резултатот со кој се замина на паузата.

На почетокот на второто полувреме, Халанд го израмни резултатот на 1-1. Пресвртот во корист на Сити го изведе Омар Мармуш во 63-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо не можеше да очекува ни во најлошо сценарио дека ќе остане без работа „поради“ Лука Модриќ

Чаби Алонсо вчера доби отказ на клупата на Реал Мадрид откако помина повеќе од половина го…