Дома Фудбал Сите очекуваа да биде поинаку: Враќањето на Нејмар во Сантос се претвори во – катастрофа!

Сите очекуваа да биде поинаку: Враќањето на Нејмар во Сантос се претвори во – катастрофа!

Бразилскиот фудбалер Нејмар може да го напушти клубот Сантос по само пет месеци, иако зимава се врати таму со големи очекувања. Навивачите го пречекаа со ентузијазам, но тој оптимизам брзо се претвори во кошмар.

По 11 кола во лигата, Сантос е на 18-то место и борбата за опстанок изгледа неминовна. Нејмар од почетокот на оваа година се врати од Ал Хилал, но не донесе ништо значајно. Не постигна гол во националното првенство и има само четири настапи во тоа натпреварување. Три пати беше прецизен во Паулиста лигата, која е послаба од националната Серија А.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во последното коло доби црвен картон. Во една ситуација, поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ ја внесе топката во голот со рака. Судиите тоа го забележаа и доби втор жолт картон, што му овозможи на Ботафого да ја искористи бројната предност и со голот на Артур во 87. минута да дојде до победа.

“Понекогаш очајнички сакам да постигнам гол и правам грешки. Се извинувам на навивачите и тимските другари. Да не ме исклучеа, ќе освоевме три бода. Екипата одигра одлично. Честитки до сите. Во Бразил има многу лоши судии, првиот жолт картон беше смешен. Ова е само мое мислење, немојте да ме казните за него”, напиша по натпреварот.

Во 2013 година го напушти Сантос и замина во Европа, поточно во Барселона, во трансфер вреден 88 милиони евра, а подоцна за 222 милиони го купи ПСЖ, што и понатаму е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Нејмар веќе две години не игра сериозен фудбал, откако за 90 милиони евра премина од ПСЖ во Ал Хилал.

Таму најчесто беше отсутен поради повреди, исто како и во Сантос. Ќе отсустува и од следниот натпревар поради црвениот картон, а на подоцна одлучи дали ќе продолжи својата кариера во Сантос или ќе побара друга можност.

Фото: Santos FC/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда ги поместува границите – ќе се засили со фудбалер од Барселона!?

Според шпанските медиуми, Црвена звезда го има идеалното засилување за иднината, бидејќи с…