Дома Останати Тенис Синер освои награда која Ѓоковиќ никогаш не ја добил во кариерата

Синер освои награда која Ѓоковиќ никогаш не ја добил во кариерата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја доби наградата за омилен играч на публиката за 2024 година.

Јаник Синер имаше исклучително чудна и турбулентна година во која го потврди своето место како најдобар тенисер на планетата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Покрај тоа, поради „аферата клостебол“ падна на допинг тестот, што предизвика многу „прашина“ во јавноста, но како што стојат работите, тоа не му го наруши имиџот.

Јаник Синер ја доби наградата за миленик на публиката и тоа по втор пат по ред, а интересен е фактот што Новак Ѓоковиќ никогаш не ја добил оваа награда.

Од 2003 до 2021 година таа секогаш одеше во рацете на Роџер Федерер, потоа една година на Надал и следните две на Јаник Синер.

„Би сакал да ѝ се заблагодарам на тениската публика ширум светот што гласаше за мене. Ова многу ми значи затоа што гласовите доаѓаат од вас. Вие сте причината поради која играм тенис. Поддршката беше одлична за време на целата сезона”, рече Синер.

Јаник Синер ја започна 2024 година со импресивна серија од 16 последователни победи, вклучувајќи го и својот прв Гренд слем трофеј на Австралија Опен.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го „запали“ Инстаграм – подготвува лудо шоу со Кристијано Роналдо?! (Фото)

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и привлече огромно внимание објавув…