
По долг период на шпекулации, шпанската инфлуенсерка Фати Васкез конечно одлучи отворено да зборува за врската со младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.
Во гостување во подкастот En todas las salsas, Васкез го откри почетокот на нивната врска, како се развивала и како го доживеала медиумското внимание откако заедничките фотографии од италијанскиот одмор протекоа во јавноста.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
“Не можам да го негирам неоспорното”, започна Фати, нагласувајќи дека нивната врска не се случила “преку ноќ” како што сметаа многумина. Според неа, сè започнало многу претходно пред летувањето во Италија, каде и се сретнале за првпат, во приватна атмосфера и со присуство на претставници на играчот.
“Разговаравме осум месеци пред да се запознаеме лице во лице”, рече инфлуенсерката додавајќи дека никој од нејзиниот близок круг не знаел за нивната врска се додека фотографиите не станале јавни.
Васкез откри дека Јамал прв стапил во контакт со неа уште во 2018 година, кога имал само 11 години.
“Предпоставувам дека беше мој фан. Мислам дека за него, бев нешто што го прекрштал од својот список на желбии”, рече таа.
Сепак, додава дека Јамал никогаш не го признал тоа.
“Неговиот его тоа не би го дозволило”.
Уште еден интересен момент кој го сподели се однесува на друга девојка која наводно била со Јамал само неколку часа пред нејзиното пристигнување во Италија.
“Стигнав еден ден подоцна отколку што беше планирано и не се сретнав со девојката што беше таму пред мене. По враќањето од одмор, таа ме контактираше за да ми го потврди тоа”, раскажа Васкез, не откривајќи го идентитетот на девојката бидејќи “сите веднаш би знаеле за кого станува збор”.
На крајот, Фати Васкез се осврна и на тековната врска на Јамал со познатата пејачка Ники Никол.
“Мислам дека е многу вљубен во неа, а таа не во него”, заклучи таа.
Со овој јавен настап, Фати Васкез за првпат отворено зборуваше за врската со еден од најталентираните млади фудбалери денес, нудејќи ја својата верзија на настаните и обидувајќи се да ги прекине шпекулациите кои со месеци кружат на социјалните мрежи и таблоидите.