
„Проклетството на Никола Јокиќ“ е насловот на текстот на познатиот шпански весник “As” за Србија и нејзиниот најдобар кошаркар на Европското првенство.
„Три години подоцна, историјата се повтори и Србија е поразена во осминафиналето. Никола Јокиќ сè уште нема освоено медал од Европското првенство. Нешто дефинитивно не е во ред со Никола Јокиќ и Европското. Најдобриот на светот ќе мора да живее со неочекувана празнина во биографијата. Ништо, компир, на Европското првенство. Нема медал, а нема нова шанса до 2029 година во Шпанија. Тогаш ќе има 34 години, а четири години во кошарката се цел живот“, се наведува во текстот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Шпанците истакнуваат дека токму шутот на Елиас Валтонен преку Никола Јокиќ ја одлучи средбата, а наведуваат и дека има одлична статистика. Во Берлин во 2022 година, просечно имаше 21,78 поени, 10 скокови и 4,3 асистенции, а против Италија постигна 32 поени со 13 скокови и 4 асистенции. Сега, просечно даваше 22,3 поени со 9 скокови и 4,2 асистенции, а на Финците им постигна 33 поени со 8 скокови и 3 асистенции.