
Реал однесе победа кога најмногу требаше. Килијан Мбапе ги постигна сите четири гола против Олимпијакос (4:3) во петтото коло од Лигата на шампионите. Со ова, тимот го прекина лошиот период на резултати и проблемите во односите меѓу дел од играчите и тренерот Чаби Алонсо. Пред натпреварот, сите извори блиски на Реал пишуваа за бунтот против тренерот, предводен од Винисиус. Тој против Олимпијакос оствари две асистенции, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.
По тешко извојуваната победа на Реал, односите меѓу Винисиус и Чаби изгледаат како повторно да се во одлична фаза, барем ако се суди според нивните јавни изјави и гестови. Тренерот на Реал ја коментираше спектакуларната игра на Мбапе на следниот начин:
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
“Тој ги даде сите голови, но и Вини беше одличен. Голем е жал што му беше поништен голот, тоа навистина ме боли. Одлично асистираше за два гола, но заслужи и да постигне. Среќен сум за Вини.” На снимките направени по мечот се гледа како Винисиус и Чаби си честитаат за победата и се гушкаат.
🚨🇧🇷 Xabi Alonso and Vinicius Jr after the match…
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 27, 2025
Xabi: “Неговата игра беше одлична. Многу сум среќен со Вини. Навистина боли што му поништија гол, го работевме тоа на тренинзите и заслужи да даде гол”. 🫂 pic.twitter.com/ZOcBOyUdhs