
Офанзивецот на Реал Мадрид Родриго беше критикуван по последните настапи. Според извори блиски до клубот, доколку ова лето пристигне соодветна понуда, играчот ќе го напушти Сантјаго Бернабеу, пишуваат шпанските медиуми. Тренерот Карло Анчелоти не е задоволен од учинокот на напаѓачот кој оваа сезона постигнал само четири гола во 30 одиграни натпревари.
И покрај довербата која му беше дадена на почетокот на сезоната, недостатокот на ефикасност и влијанието врз играта доведе до намалување на неговата улога во тимот. Навивачите исто така го изразија своето незадоволство од неговите настапи, а дел од нив сметаат дека продажбата би била најдобра опција за двете страни.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Клубот е отворен за преговори, но нема да прифати понуда под пазарната вредност на играчот. Ако ситуацијата не се промени до крајот на сезоната, разделбата помеѓу играчот и клубот изгледа сé поверојатна. Според Трансфермаркт, вредноста на Бразилецот е 100 милиони евра.
Фото: Real Madrid C.F/FB