Дома Останати Кошарка Шок на Евробаскетот: Светските шампиони останаа без тренер!

Шок на Евробаскетот: Светските шампиони останаа без тренер!

Предизвици и за светскиот првак и фаворитот за злато на Европското првенство.

Германската кошаркарска репрезентација остана без својот главен тренер на средината на натпреварувањето. Шпанскиот тренер Алекс Мумбру заврши во болница непосредно пред почетокот на шампионатот поради инфекција, па водството на тимот го презеде неговиот помошник Алан Ибрахимагиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мумбру ги следеше почетните натпревари на Европското првенство од болнички кревет, враќајќи се на клупата дури во осминафиналниот дуел против Португалија. Сепак, стана јасно дека уште не опоравил во целост, бидејќи поголемиот дел од натпреварот го водеше Ибрахимагиќ. Германија се мачеше со Португалците, но на крајот успеа да го скрши отпорот на противникот.

Повредите и болестите навистина ги погодиле многу репрезентации на ова првенство, а Германија покрај сето тоа остана и без целосно подготвен селектор.

„Во последните денови видов дека физички не сум во состојба активно да ја водам екипата од клупата за време на натпреварите. Одлучив да ги прераспределам улогите во стручниот штаб и да му ја препуштам водењето на Алан за време на натпреварите. Ќе останам на клупата, ќе ја поддржувам екипата и ќе продолжиме да работиме заедно. Верувам дека ова е најдобриот начин да му помогнеме на тимот да успее“, изјави Мумбру преку соопштение од Германската кошаркарска федерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркар на Ц. Звезда поради политика остана без Евробаскетот!?

Кошаркарската репрезентација на Србија шокантно е елиминирана од Финска во осминафиналето …