
Манчестер Јунајтед и понатаму е под удар на незадоволството на навивачите, а ко-сопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф е на удар на легендата на Јунајтед, Пол Сколс.
Ретклиф неодамна изнесе план за изградба на нов стадион за Манчестер Јунајтед, кој ќе чини околу две милијарди фунти.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Оваа вест дојде прилично неочекувано со оглед на тоа дека Манчестер е во голема резултатска криза.
„Понекогаш може да бидете наивни и да му верувате на тоа што го кажува Џим Ретклиф, од едноставна причина што никогаш не сте слушнале некој друг да зборува за тоа. Не знаеме всушност колку е тоа реално, сè уште е во воздух. Зборовите се евтини, можеме да кажеме било што за било кого, можете да кажете дека за десет години ќе имаме најголем и најдобар стадион на светот, можете да кажете било што. Долго време, нè сметале за најбогатиот клуб на светот, но чувствувам како сега да просиме, бараме пари за стадион за чија изградба ќе требаат две милијарди, а продаваме играчи за да купуваме нови“, изјави поранешниот фудбалер на Јунајтед Пол Сколс во емисијата „Оверлап“.