
Првите тренинзи за првата трка во новата сезона на Формула 1 беа одбележани од еден инцидент.
Оваа сезона во најбрзиот циркус на светот ќе има многу нови млади возачи, кои, се разбира, немаат многу искуство.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Поради тоа, може да се очекува често да се случуваат инциденти, кои се должат токму на недостатокот на искуство и километража во најбрзите возила на светот. Првиот на кој што му се случи ова е Оливер Бермeн.
Тоа можеби е и малку изненадување, бидејќи го гледавме овој момче на патеката минатата сезона, и тоа двапати.
Првпат како возач на Ферари, бидејќи доаѓа од оваа школа, а вторпат во екипата на Хас, чиј полноправен член стана од оваа сезона.
Бермен направи голема грешка за време на првиот неофицијален тренинг кога во една кривина загуби контрола над болидот, излета од патеката и најпрво се најде на чакалот, потоа на тревата и на крајот со предниот дел удри во оградата.
A sizeable shunt for Ollie Bearman in FP1 😢
— Formula 1 (@F1) March 14, 2025
He thankfully walked away from the incident unharmed#F1 #AusGP pic.twitter.com/U4wEvf4HyB