Дома Фудбал Сензационален трансфер на повидок. Ќе стане ли Винициус третиот најскап трансфер на сите времиња?

Сензационален трансфер на повидок. Ќе стане ли Винициус третиот најскап трансфер на сите времиња?

ЧЕЛСИ размислува за неверојатен летен трансфер кој би можел да го доведе Винисиус Жуниор на Стамфорд Бриџ. Бразилскиот напаѓач има договор со Реал Мадрид до 2027 година, но застојот во разговорите за продолжување на договорот отвора простор за се погласни шпекулации за неговото можно заминување од Бернабеу веќе следното лето.

Според информациите од британскиот Гардијан, кои ги пренесуваат и шпанските медиуми, Челси е подготвен да понуди 160 милиони евра за Винициус. И покрај тоа што Реал Мадрид сака да ја продолжи соработката, а играчот е отворен за оваа можност, преговорите стојат на мртва точка. Затоа, клубот јасно става до знаење дека Вини ќе биде ставен на продажба доколку не се реши ситуацијата до лето.

Мадрид не сака да ризикува

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Раководството на “Кралскиот клуб” е решено да избегне сценарио во кое играч со таков калибар би го напуштил клубот бесплатно со истекот на договорот во 2027 година. Ако се оствари трансферот за кој пишуваат англиските и шпанските медиуми, Винисиус би станал третиот најскап фудбалски трансфер на сите времиња.

Рекордот од 2018 година го држи Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен направил тотален хаос во кампот на Нигерија

Виктор Осимен во понеделникот, 5 јануари, го постигна својот прв дупли гол во историјата н…