
Македонската фудбалска репрезентација на 26 март овој месец ја очекува еден од најважните натпревари во последните години, а пред овој дуел новиот селектор Гоце Седлоски го објави списокот на повикани фудбалери.
За Седлоски кој на клупата го наследи Благоја Милевски натпреварот со Данска во Копенхаген ќе биде и негово деби, па така ова е и прв список кој го објавува. Како и што се очекуваше на него има повеќе промени во однос на фудбалерите на кои сметаше неговиот претходник.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
На списокот на Седлоски има тројца дебитанти и тоа: Имран Фетаи од Шкендија, Дени Мусовски од Сиетл во САД и Колумбиецот Себастијан Херера кој поседува македонски пасош и настапува за Борац Бања Лука. Тука се и повратниците: Бобан Николов и Љупче Дориев.
