Дома Фудбал Се повреди на три месеци пред СП – ѕвездата на Баерн во солзи го напушти теренот

Се повреди на три месеци пред СП – ѕвездата на Баерн во солзи го напушти теренот

Извонредната победа на Баерн над Аталанта со 6:1 во Бергамо беше засенета од непосакуван настан – повредата на Алфонсо Дејвис, кој го напушти теренот со солзи во очите, предизвикувајќи загриженост во клубот и канадската репрезентација.

Само три месеца пред почетокот на СП, каде што Канада ќе биде еден од домаќините, оваа ѕвезда на баварскиот клуб се соочи со уште еден неубав момент. Неговата реакција додека ја напушташе играта во 71. минута говори многу за сериозноста на ситуацијата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Левиот бек се приклучи на натпреварот во второто полувреме, но по кратко време почувствува болка и мораше да биде заменет. Иако постои стравување за најлошото, крајната дијагноза ќе биде утврдена по деталните лекарски прегледи.

Ова не е првата сериозна повреда за 25-годишниот фудбалер. Во минатото веќе имаше долго отсуство поради проблеми со коленото, што му го одзеде местото во стартниот состав на тимот од Минхен. Сега сите се надеваат дека новата повреда нема да биде сериозна и дека Дејвис ќе се врати подготвен за претстојните предизвици во клубот и на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вчера го видовме едно од најголемите понижувања во Лигата на шампионите!

Во еден од најсрамните моменти во историјата на Лигата на шампиони, менаџерот на Тотенхем,…