Дома Фудбал Се повреди ѕвездата од 140 милиони евра!

Се повреди ѕвездата од 140 милиони евра!

Фудбалерот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц претрпе потешка повреда на зглобот и поради тоа ќе отсуствува неколку седмици.

Во моментите кога сезоната влегува во решавачките седмици, Баер останува без еден од најдобрите играчи. Се навестуваше дека повредата може да биде потешка и се испостави дека е така.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој ги повреди лигаментите на зглобот на десната нога.

Нема да игра против Баерн во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, нема да може да се одговори и за натпреварот од полуфиналето на Лигата на нациите против Италија, а очигледно ќе изостане и од натпреварот од полуфиналето на Купот на Германија против Арминија Билефелд.

Вирц е еден од најбараните фудбалери на пазарот и во последно време неговото име најчесто се поврзува со Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Принцот на Рим седнува на клупата на Рома

Франческо Тоти е на чекор од враќање во Рим. Според информациите од новинарот Никола Скира…