
Фернандо Каро, генерален директор на Баер Леверкузен, отправи критики до Реал Мадрид поради резултатите на Чаби Алонсо, кои се далеку од очекуваните.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Токму работата меѓу „Фармацевтите“ го истакна Алонсо како потенцијален кандидат за да стане стратег во клубот на „кралевите“.
– Сите знаеме дека е тренер со исклучителен талент, но во Шпанија се соочува со поинаков контекст. Ние не го оставивме политички изолиран – изјави еден од претставниците на поранешниот шампион на Бундеслигата.
Како што истакна 61-годишниот функционер, Баер Леверкузен секогаш е подготвен да му даде нова шанса на Алонсо и на Флоријан Вирц, кој исто така имаше тежок период по заминувањето во Ливерпул.
– Ако претседателот изјави дека тренерот е нужно зло, ако тренерот е оставен сам и постојано е тој што добива критики, тогаш ситуацијата е многу поразлична од таа што ја доживеа во Леверкузен. Тука сите сме со иста цел и не го оставивме тренерот изолиран – рече Каро во интервју за “Скај спорт”, па додаде: Вратите се отворени. Ако Алонсо и Флоријан Вирц сакаат да се вратат, тие можат да го сторат тоа секогаш кога ќе посакаат.