Дома Фудбал „Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка со трансферот во Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дури и на натпреварот со Брајтон навивачите не добија ништо офанзивно конкретно од германскиот фудбалер, кој во 1000 минути во Премиер лигата сè уште нема постигнато гол, со само една асистенција (против Сандерленд).

Хаман гледа она што сите го гледаат – дека Вирц не се снајде.

„Се ближи Божиќ, а тој уште нема постигнато гол или решил некој натпревар. Фудбалот е поинаков во Премиер лигата, а Вирц има мало или никакво влијание на играта до сега. Ливерпул го доведе за 140 милиони надевајќи се дека со еден или два потези ќе решава натпревари. Тој сè уште тоа не го прави и не гледам причина зошто би го правел во јануари. Кога го гледам, помислувам дека веќе не верува во својот потенцијал. Вирц направи погрешен избор летово кога го избра Ливерпул наместо Баерн”, рече Хаман, и самиот некогашен играч на Ливерпул, за германските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…