
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно се најде во центарот на вниманието по финалето на Светскиот клупски шампионат, каде што задржа медал кој требаше да биде доделен на играчите на победничкиот тим.
Трамп присуствуваше на церемонијата за доделување на трофејот по триумфот на Челси против ПСЖ со 3-0 во финалниот меч. Беше во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и неговата сопруга Меланија, а во текот на доделувањето на наградите активно учествуваше иако официјално немаше никаква улога на настанот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
По церемонијата, Трамп го прифати медалот кој му беше предаден од еден од организаторите и го задржа за себе со одобрение од Инфантино, верувајќи дека станува збор за симболичен подарок.
ФИФА се уште не објавила официјално соопштение, а од Челси не сакаа да коментираат за случката.
Да потсетиме, Челси го победи Парис Сен Жермен со 3-0 и ја освои титулата светски шампион.