
Екипата на Пелистер остана без тренер откако Рубен Гарабаја си поднесе оставка по серијата слаби резултати, а јавноста веќе шпекулира со неговиот можен наследник.
Најсериозен кандидат за кормилото на битолскиот клуб е поранешниот селектор на Словенија, искусниот 58-годишен Борис Дениќ. Станува збор за стратег со богато искуство и силно реноме, кој моментално работи како советник за развој во Слован, клуб каде што во минатото ја извршуваше и тренерската функција пред доаѓањето на Урош Зорман.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од Пелистер најавија дека новиот тренер ќе биде назначен по крајот на есенскиот дел од сезоната. До тогаш, тимот ќе го води спортскиот директор Звонко Шундовски, кој ќе ја заврши полусезоната на клупата.