Дома Фудбал Се огласи лидерот на групата џуџиња која настапуваше кај Јамал: Не сме циркузанти!

Се огласи лидерот на групата џуџиња која настапуваше кај Јамал: Не сме циркузанти!

Роденденската забава на Ламина Јамал продолжува да предизвикува реакции во шпанската јавност. Иако малку детално се знае за она што точно се случувало внатре во луксузната вила во Олевиа, во јавноста се појавија информации за забавниот дел од вечерта: настап на доминиканскиот рапер Чимбала, тематска облека инспирирана од мафијата, платени девојки, но и контроверзното присуство на лица со џуџест раст што настапувале на настанот.

Имено, здружението на лица со акондроплазија и други скелетни дисфлазии (АДЕЕ) јавно ја осуди употребата на личности со џуџест раст како дел од забавниот програм на прославата. Здружението смета дека нивното достоинство е навредено и најави правни чекори.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Меѓутоа, еден од четирите изведувачи со џуџест раст, кои биле ангажирани преку агенција за настап на забавата на Јамал, одлучи да проговори за емисијата Versió RAC1 на радио станицата RAC1. Тоа го направи под услов на анонимност.

“Никој не не навреди, нека ни дозволат да работиме во мир. Не разбирам зошто толку многу се зборува за оваа тема. Ние сме обични луѓе кои работат она што сакаат, на легален начин,” изјавила неименуваната личност, која била изненадена од медиумскиот интерес и реакциите.
Поради тоа што не ги дели ставовите на АДЕЕ, смета дека со нивното објавување “се понижуваат лицата со џуџест раст”:

“Со години ни пречат. Сакаат да ни забранат работа која ја сакаме, а истовремено никогаш не понудиле работа или едукација на засегнатите. Ние сме аниматори. Зошто да не можеме да ја работиме таа работа? Заради нашата телесна структура? Имаме нова претседателка која очигледно има комплекси и сега сака да нè уништи сите.”

Поради договорот за доверливост, анонимниот изведувач не смееше да открие детали за настанот, но нагласи дека се одвивало со взаемно почитување.

“Ги знаеме нашите граници и никогаш нема да ги преминеме. Не сме циркуски мајмунчиња. Танцуваме, делиме пијалаци, изведуваме трикови. Има многу различни видови изведби,” изјавил неименуваниот изведувач, објаснувајќи дека нивната програма на Јамаловата забава траела еден час, по што се придружиле на другите гости.

“Бевме како сите останати, сите се забавуваа. Целата оваа драма настана поради тоа што се работи за забава на Ламин Јамал,” заврши тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул одби 67.000.000 евра и испрати порака до сите

Фудбалскиот клуб Ливерпул одби понуда од минхенскиот Баерн вредна 67.500.000 евра за левок…