Дома Фудбал Сантос направи вистински „бум“ во Бразил со трансферот на Нејмар – претседателот објави неверојатни бројки!

Сантос направи вистински „бум“ во Бразил со трансферот на Нејмар – претседателот објави неверојатни бројки!

Бразилските медиуми се импресионирани од влијанието кое го остави Нејмар на својот матичен клуб Сантос, иако сè уште нема дебитирано по враќањето од Саудиска Арабија.

Минатата недела Нејмар ги изненади сите и се врати во клубот каде што сè започна. Саудискиот Ал-Хилал го замени со дресот на Сантос, иако интереси од различни краишта на светот не недостасуваа, а најмногу се поврзуваше со враќање во Европа или трансфер во МЛС.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Додека се чека неговото деби за Сантос, навивачите на овој клуб се борат за секоја влезница.

Претседателот на Сантос Марсело Тeижеира денес објави дека клубот првпат ја надмина бројката од 70.000 членови. Повеќе од 20.000 лица станаа членови во само неколку дена, веднаш по потпишувањето на Нејмар за клубот.

Стадионот „Вила Белмиро“, на кој познатиот Пејше ги игра своите домашни натпревари, може да прими само 16.000 гледачи, па така бразилските медиуми пишуваат за тоа дека борбата за секоја влезница на стадионот е огромна.

Дебито на Нејмар треба да се случи во среда против Ботафого. Не треба ни да се нагласува дека влезниците се распродадени во рекордно време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати детали: Легендарниот Рикардињо во Србија добива најголем договор, стан и автомобил!

Португалскиот футсалер Рикардињо скоро сигурно ќе потпише за Смедерево, пренесуваат српски…