Дома Фудбал Салах ги брои последните денови на Енфилд, Ливерпул веќе подготви 100 милиони евра за негова замена!

Салах ги брои последните денови на Енфилд, Ливерпул веќе подготви 100 милиони евра за негова замена!

тимови од Саудиска Арабија ова зима сакаат да го доведат Мохамед Салах, а Црвените веќе одлучиле кој ќе биде негова замена.

Салах веќе неколку години се поврзува со огромен трансфер во Саудиска Арабија, но никако да го доведат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тековниот договор на Салах го врзува до летото 2027 година за Ливерпул, но случувањата од крајот на минатата година укажуваат дека би можел токму овој месец да замине од Енфилд.

Сепак, синоќа Салах се врати во почетниот состав на Ливерпул по Африканскиот куп на нации и одигра сите 90 минути во Лигата на шампионите и победата на неговиот тим против Марсеј.

Телеграф тврди дека челниците на тимовите од Саудиска Професионална лига ја следеле утакмицата што се одигра синоќа во Франција и дека веќе го контактирале Салах околу потенцијален трансфер.

Салах наводно е заинтересиран да премине во Саудиска Арабија, но прашање е дали Ливерпул ќе го пушти да оди на зима или дури на лето.

Наводно, доколку не дојде до одобрување овој месец, тогаш Саудијците следното лето ќе се обидат да го доведат и Салах и Винициус Жуниор од Реал Мадрид.

Клубовите како Ал-Итихад, Ал-Наср, и Ал-Хилал сметаат дека можат да ги доведат Салах во своите редови, но и Винициус Жуниор.

Челниците на Ливерпул наводно веќе пронашле замена за Салах и тоа во РБ Салцбург, станува збор за Диоманд.

Имено, според англиските медиуми, Ливерпул подготви конкретна понуда од 100 милиони евра за да го доведат кога Салах ќе замине.

Сепак, прашање е дали тоа ќе биде доволно пари бидејќи Лајпциг наводно ќе побара пакет вреден 120 милиони евра за својот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта брза да биде реизбран на чело на Барселона – го закажа гласањето на првиот можен ден

Претстојните избори за претседател на Барселона ќе се одржат на 15 март, одлучи Управниот …