Дома Фудбал Салах бегаше од Нуњез и шампањот, дозволи да биде полеан откако доби објаснување?

Салах бегаше од Нуњез и шампањот, дозволи да биде полеан откако доби објаснување?

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул ја обезбеди својата 20-та титула во англиската Премиер лига, по убедливата победа против Тотенхем од 5:1.

По натпреварот следуваше голема прослава на фудбалерите и навивачите, како на стадионот, така и на улиците на градот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Обичај на играчите е често да се полеваат меѓусебно со различни алкохолни пијалоци за време на славјето, а нешто слично се случи и на тревникот на Енфилд.

Имено, Дарвин Нуњез го бркаше Мохамед Салах со шише шампањ. Египќанецот го предупреди со прст Нуњез да не го прави тоа, но Уругваецот сепак го полеа. Иако на прв поглед изгледаше како огромно непочитување затоа што Салах како муслиман не сака контакт со алкохол, стигна објаснување од една страница на навивачи на Ливерпул каде што се тврди дека во прашање е безалкохолен шампањ, токму поради верските причини. Наводно, Салах ja дозволил „акцијата“ на Нуњез кога тоа го слушнал.

Сепак, ниту еден од сценаријата сѐ уште не е официјално потврден од учесниците.

Погледнете како изгледаше сето тоа:

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…