Георгина Родригез го покажа подарокот што го доби за Божиќ од својот партнер, славниот фудбалер Кристијано Роналдо. Овој пат 39-годишникот не штедеше за да ја израдува својата девојка.
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се запознаа во 2016 година, а нивната „судбинска средба“ се случи пред бутиќот на Гучи.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
За време на божиќните празници, семејството на Роналдо одлучи да ја посети Лапонија, односно „Земјата на Дедо Мраз“, а Георгина гордо се пофали на својот Инстаграм со подарокот што го доби од Роналдо.
Како што напишаа странските медиуми, таа за Божиќ добила „најпосакуваниот“ подарок на светот. „Мундо Депортиво“ забележа дека Георгина на својот Инстаграм објавила фотографија од торбата Ермес Биркин, која е изработена од бела кожа и украсена со златни детали.