Дома Фудбал Роналдо призна зошто не беше на погребот на Диого Жота: “Од тој ден не сум стапнал на гробишта”

Роналдо призна зошто не беше на погребот на Диого Жота: “Од тој ден не сум стапнал на гробишта”

Фудбалскиот свет на 3 јули беше во шок од веста дека фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, загина во страшна сообраќајна несреќа која се случи на северот на Шпанија.

Жота со својот брат Андре одел кон Сантандер од каде требало со траект да стигне до Ливерпул за да му се приклучи на почетокот на подготовките за новата сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Нивната смрт го шокираше фудбалскиот свет, а неколку дена подоцна тие беа погребани во малото гратче Гондомар, кое се наоѓа во близина на Порто.

Голем број играчи на Ливерпул и репрезентативци на Португалија присуствуваа на погребот, но многумина беа непријатно изненадени што Кристијано Роналдо не дојде на последното испраќање на својот соиграч.

Роналдо се најде на остра мета на критики за тоа, но сега одлучи да открие зошто ја донел таквата одлука и дека за тоа постојат две причини.

“Има две причини за таквата одлука. Откако ми почина таткото никогаш повеќе не сум бил на гробишта, од тој ден не сум стапнал на нив. Второ, ако ме познавате знаете дека каде и да одам, таму настанува циркус. Вниманието би било насочено кон мене и тоа едноставно не го сакав”, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ја смени датата кога Шпанија и Аргентина ќе играат за трофејот “Финалисима”

Меѓународната федерација за фудбал, ФИФА, донесе одлука да ја промени првично планираната …