Дома Фудбал Роналдо го бојкотира и денешното дерби, a челниците на лигата му објаснија како се носат засилувања

Роналдо го бојкотира и денешното дерби, a челниците на лигата му објаснија како се носат засилувања

Кристијано Роналдо денес ќе ја пропушти втората последователна натпревар против Ал-Итихад во знак на протест против начинот на кој Саудискиот државен инвестициски фонд (PIF) ги третира клубовите во рамките на Саудиската професионална лига, која по сè се огласи со соопштение.

Роналдо смета дека се фаворизираат ривалските клубови, особено во врска со трансферите, додека неговиот Ал-Наср е во понеповолна позиција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На неговата одлука официјално одговори и раководството на Саудиската професионална лига, кое во соопштението нагласи дека сите клубови работат по исти правила.

„Саудиската професионална лига се темели на едноставно начело: секој клуб работи независно, според истите правила. Клубовите имаат свои управи, директори и спортски менаџмент. Одлуките за засилувања, трошоци и стратегија ги носат тие, во рамките на финансиски рамки осмислен да обезбеди одржливост и конкурентна рамнотежа. Таа рамка се применува еднакво на целата лига”, се наведува во соопштението.

Во продолжение се потенцира дека Роналдо од доаѓањето е целосно посветен на Ал-Наср, но дека ниту еден поединец, без оглед на статусот, не може да донесува одлуки надвор од рамките на својот клуб.

„Кристијано од своето доаѓање одигра клучна улога во растот и амбициите на Ал-Наср. Како и секој врвен играч, сака да победува. Меѓутоа, последните трансфери покажуваат независност на клубовите – секое засилување е резултат на клупските одлуки, донесени во одобрени финансиски параметри”, се додава.

Раководството на лигата нагласи и дека конкурентноста на првенството ја потврдуваат резултатите, имајќи предвид дека само неколку поени ги делат водечките четири екипи, што ја прави борбата за наслов исклучително неизвесна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…