Дома Останати Тенис Ролан Гарос не се сеќава на вакво нешто: Целосна лудница кога го видоа херојот на Париз

Ролан Гарос не се сеќава на вакво нешто: Целосна лудница кога го видоа херојот на Париз

Ролан Гарос приреди вистински спектакл и направи преседан пред натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори – организираше посебен настан за навивачите.

Имено, Осман Дембеле, фудбалер на Пари Сен-Жермен, го донесе трофејот на Лигата на шампионите на централниот стадион на Ролан Гарос.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Да потсетиме, ПСЖ во саботата во финалето го порази Интер со 5:0, а организаторите на Ролан Гарос одлучија да го претстават трофејот на европскиот шампион на публиката среде тенискиот ден.

Дембеле излезе на главниот терен и приреди на навивачите моменти за паметење. Го зеде микрофонот и ја започна познатата навивачка песна.

Атмосферата беше фантастична, стадионот пееше во еден глас, а расположението беше на врвот. Дембеле уште еднаш почуствува како е да се биде вистински херој на Париз.

Вреди да се потсети и дека Дембеле беше избран за најдобар фудбалер на сезоната во Лигата на шампионите, додека ПСЖ го освои својот прв „ушко“ во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус на 45 години повторно се враќа на терен: А зошто да не играм тенис!?

Тениската вест на денот, а можеби и на целиот спортски свет, беше – Венус Вилијамс п…