
Бразилскиот фудбалер Родриго Силва де Гоес (24) изјави дека во Реал Мадрид секојдневно му помага капитенот Лука Модриќ и дека имаат однос како татко и син.
Секогаш имавме многу добар однос. Интересно е што има години колку и мојот татко, па ме вика ‘сине’, а јас него ‘тато'”, рече 24-годишниот Бразилец во интервју објавено на интернет страницата на Реал Мадрид.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Модриќ, 39-годишниот капитен на мадридскиот клуб и на хрватската репрезентација, во понеделникот се подготвуваше со тимот за возвратниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико.
„Јас сум негов голем обожавател, и како играч и како личност. Секојдневно ми помага”, изјави Родриго кој дојде во Реал Мадрид во летото 2019 од бразилскиот Сантос.
„Модриќ отсекогаш ми бил еден од најмилите играчи и секогаш сакав да играм со него“, додаде тој. Договорот на хрватскиот играч за врска истекува за три и пол месеци, а Реал Мадрид соопшти дека ќе одлучи на крајот на сезоната дали ќе му понуди нов.