Дома Фудбал Родриго самиот не сакал да игра во „Ел Класико“?

Родриго самиот не сакал да игра во „Ел Класико“?

Навивачите на Реал Мадрид беа изненадени од фактот што Витор Муноз, 21-годишник овојпат влезе на теренот во завршницата на Ел Класико, што беше негов дебитантски меч за тимот на Реал. Шпанските медиуми велат дека навивачите не разбрале како тој добил предност пред Родриго.

Бразилецот, крилниот напаѓач кој вреди 100 милиони евра, остана на клупата целиот натпревар. Оваа сезона Карло Анчелоти го користеше Родриго на 50 натпревари во кои Бразилецот постигна 13 голови и додаде 10 асистенции.Се пишува последниве денови дека Родриго може да го напушти Реал и дека Манчестер Сити е заинтересиран да го донесе. Денес се објави дека одлуката да не настапи во мечот против Барса (победа на Каталонците со 4:3) ја донел самиот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се потсетува дека Анчелоти во саботата, помалку од 24 часа пред натпреварот, изјави дека Родриго е подготвен, дека добро тренира и дека е во комбинација за дербито. “Постојат шанси да биде во стартната постава”, изјави италијанскиот стратег.

По натпреварот тој објасни зошто Родриго не доби никакви минути: “Се опорави, но не се чувствуваше добро. Да го пуштев во игра за шест или седум минути само ќе ја зголемеше можноста да се повреди.”

Според пишување на дел од шпанските медиуми, одлуката да не настпи на Ел Класико била одлука донесена од играчот. Тој му кажал на Анчелоти дека не се чувствува енергичен за овој натпревар, но и дека психичките не е подготвен за него.

„Марка“ заклучува дека со оглед на прашањата околу компатибилноста со Килиан Мбапе и Винисиус Жуниор и интересот од Англија, не е невозможно да се очекува растaње на клубот и играчот. Тоа ќе зависи и од тоа што мисли идниот тренер Чаби Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно!

Поради почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени …