Дома Фудбал Ретклиф одлучил: Легенда на Манчестер Јунајтед повторно ќе биде на клупата до лето?!

Ретклиф одлучил: Легенда на Манчестер Јунајтед повторно ќе биде на клупата до лето?!

Манчестер Јунајтед повторно е во центарот на вниманието на фудбалската јавност по веста што одекна како „бомба“ на Олд Трафорд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите кои ги носи угледниот “Атлетик”, Оле Гунар Солскјер се разгледува како опција за повторно враќање во клубот на позицијата привремен тренер до крајот на сезоната.

Оваа вест доаѓа откако Манчестер Јунајтед вчера ја прекина соработката со Рубен Аморим, оставајќи го клубот без долгорочно решение на клупата.

Управата на Црвените Ѓаволи навидум сака стабилност до лето, кога ќе биде донесена конечната одлука за новиот постојан тренер.

Во тој контекст, името на Оле Гунар Солскјер се појави како логичен избор, со оглед на неговото длабоко познавање на клубот и средината.

Норвежанецот веќе го водеше Манчестер Јунајтед во периодот од 2018 до 2021 година, прво како привремено, а потоа и како постојано решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ и Арсенал нудат 100 милиони евра за 19-годишник

Оддамна е познато дека трансферите во фудбалот станаа баснословни. Зошто проблемот со улич…