Дома Останати Кошарка Ремек-дело: Погледнете ја НБА-асистенцијата на годината во режија на Јокиќ (Видео)

Ремек-дело: Погледнете ја НБА-асистенцијата на годината во режија на Јокиќ (Видео)

Трикратниот МВП на најсилната лига во светот не престанува да импресионира, а неговото магично додавање до Арон Гордон беше прогласено за најдобро во претходната НБА сезона.

Сомборецот просечно бележеше историски трипл-дабл, со 10,2 асистенции по натпревар. На речиси секој меч барем неколку од нив беа од категоријата неверојатни, но едно особено го привлече вниманието на љубителите на кошарката ширум светот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Секоја година фановите со своите гласови ја бираат најдобрата асистенција од минатата сезона, а годинава изборот падна на пасот забележан на 26 март при дуелот со Милвоки Бакс.

Нагетс славеа на својот терен со резултат 127:117, а Јокиќ со фантастична партија (39-10-10) го предводеше тимот. Публиката најмногу ја воодушеви со додавањето зад грб кон Арон Гордон, кој неговиот одличен потег го круниса со забивање.

Сега 30-годишникот од северот на Србија ќе се фокусира на освојување на долго очекуваното злато со Орлите на Евробаскетот, кој ќе се одржи од 27 август до 14 септември. Избраниците на Светислав Пешиќ во групата ќе ги одмерат силите со Турција, Чешка, Португалија, Естонија и домаќинот Летонија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок во НБА: Таткото на една од најголемите ѕвезди уапсен за обид за убиство!

Џејлен Браун, познатата ѕвезда на Бостон и НБА шампион од 2024 година, ретко излегува во ј…