
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид планира паметно да го реконструира тимот, а покрај Трент Александар-Арнолд и Алфонсо Дејвис, мета е и – Мартин Зубименди.
Од порано се знае дека играчот од средината на теренот на Реал Сосиедад е на мета на бројни клубови, но сега пристигнуваат информации дека Флорентино Перез го означил како една од клучните мети.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Наводно, Карло Анчелоти оваа сезона сфати дека по заминувањето на Тони Крос во пензија, му е потребен адекватен „командант“ во средниот ред, а според сите параметри, Зубименди е најдобриот избор.
Покрај тоа, многу е важно да се истакне дека Мартин Зубименди го има истиот агент како и Чаби Алонсо, потенцијалниот нареден тренер на Реал и најпосакуваната замена за Карло Анчелоти.
Во прилог на целата приказна оди и достапната и прифатлива откупна клаузула од 60 милиони евра, што Реал Мадрид лесно ќе ја плати, се разбира, кога ќе добие зелено светло од играчот.
Да потсетиме, Зубименди во текот на изминатите две години одби бројни клубови – Барселона, Арсенал, Бајерн Минхен и летово Ливерпул, поради приврзаност кон матичниот Сосиедад, но сега и самиот е свесен дека 2025 година е идеална за следниот исчекор во кариерата.