Дома Останати Кошарка Реал Мадрид по проверен рецепт – ангажира големо засилување од НБА-лигата

Реал Мадрид по проверен рецепт – ангажира големо засилување од НБА-лигата

Реал Мадрид се мачи оваа сезона во Евролигата и долго време беше „под цртата“ за плеј-оф, но со пет последователни победи се упати кон врвот и нема намера да застане. И не само тоа, Реал Мадрид реагираше и доведе големо засилување за продолжувањето на сезоната бидејќи од НБА лигата пристигна Денис Смит Џуниор.

Станува збор за експлозивен плејмејкер кој од 2017 година е во НБА, кога како деветти пик го избра Далас. Уште во таа сезона Денис Смит Џуниор имаше многу добри настапи (со просек од над 15 поени по натпревар), но во меѓувреме неговата кариера тргна во погрешен правец и не успеа да го оствари својот целосен потенцијал. Играше уште и за Никс, Детроит, Портланд, Шарлот и минатата година за Бруклин, додека последниот договор го имаше во „Џи лигата“, каде всушност не играше за Висконсин.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Денис Смит Џуниор потпиша договор со Реал до крајот на сезоната и би требало да претставува големо засилување за тимот пд Мадрид, но секако секогаш е неизвесно како ќе се прилагоди на сосема различна кошарка од онаа што се игра во НБА лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс е во проблем – еден од најважните кошаркари одби 90 милиони долари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франш…