Дома Фудбал Реал Мадрид очајнички бара нов тренер, Перез има нов фаворит

Реал Мадрид очајнички бара нов тренер, Перез има нов фаворит

РЕАЛ МАДРИД го додаде Маурисио Почетино на листата на кандидати за нов тренер, кој е предвидено да го наследи Алваро Арбелоа за следната сезона. Управата на клубот почна да го истражува пазарот за тренери во пресрет на летото, кога на повидок се големи структурни промени што можат да влијаат и на клучни личности одговорни за трансфери, пишува ESPN.

Реал го назначи Арбелоа на 12 јануари како замена за Алонсо, но договорот никогаш не беше официјално објавен во однос на времетраењето. Поранешниот играч на Реал и Ливерпул е ценет на „Сантијаго Бернабеу“ поради работата со младинците, но извори велат дека тој не бил сметан за долгорочно решение.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Под водство на Арбелоа, одбележани се неколку месеци без драстични подобрувања во резултатите, а истите извори сугерираат дека за да остане на клупата, би му било потребно “чудо” или победа во Лигата на шампионите. Исто така, се разгледува опција да остане во клубот на друга позиција, можеби како тренер на Кастиља, резервниот тим на Реал.

Извори истакнуваат дека Реал Мадрид разгледува различни кандидати за водење на новиот спортски проект, а Покетино е еден од оние кои претседателот Флорентино Перез особено ги цени. Аргентинецот е силно поврзан и со можен повраток во Тотенхем, и покрај тоа што неговиот поранешен клуб оваа сезона се бори за опстанок во Премиер лигата.

Покетино е актуелен селектор на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, со договор кој трае до завршувањето на Светското првенство. Со Реал неговото име се поврзуваше и после 2019 година, кога го одведе Тотенхем до финалето на Лигата на шампионите.

Тој добро ја познава шпанската лига од своите играчки дни, а има и големо искуство од раководење со ѕвезди во Тотенхем, Парис Сен-Жермен и Челси. Еден од клучните фактори што Мадрид го цени кај него е тоа што го тренираше Килијан Мбапе во Париз. Со него во ПСЖ освои три трофеи – првенство, куп и суперкуп – но не успеа во Лигата на шампионите, каде во 2021 година испадна во полуфинале од Манчестер Сити, а во 2022 година во осминафинале од самиот Реал Мадрид.

Последните недели некои шпански медиуми го врзуваат Реал со имиња како Јурген Клоп, Унаи Емери и Масимилијано Алегри. Други извори сепак инсистираат дека враќањето на Зинедин Зидан останува голема желба на Флорентино Перез. И покрај тоа, се навестува дека францускиот стратег веќе се согласи да ја преземе репрезентацијата на Франција по завршувањето на годинешново Светско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Време е за најдоброто од европскиот фудбал: Њукасл ја пречекува Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите

По зимската пауза, најпрестижното клупско фудбалско натпреварување се враќа со целата свој…