Дома Фудбал Ракитиќ најави заминување од Хајдук: Во Севиља го имаат мојот број, подготвен сум да се вратам

Ракитиќ најави заминување од Хајдук: Во Севиља го имаат мојот број, подготвен сум да се вратам

Пред саботниот дерби меѓу Хајдук и Динамо во 33. коло на СуперСпорт ХНЛ, Иван Ракитиќ во интервју за „RadioMarca“ ги откри своите планови и ја изненади цела публика на Полјуд.

Хајдук се бори за титулата во хрватското првенство, додека Севиља во шпанското првенство сè уште нема осигурано опстанок. Иван Ракитиќ (37) ги поврзува овие клубови, а сега во интервјуто за RadioMarca откри дека не би имал ништо против да одигра уште некоја сезона во редовите на андалузискиот великан.

Изјавите на Ракитиќ ги загрижија сите во и околу Хајдук. Иако неговиот договор завршува на крајот од оваа сезона, сите се надеваа дека Ракитиќ ќе ја активира опцијата за продолжување за уште една година и ќе остане на Полјуд. Но, изгледа дека и самиот Ракитиќ сè уште нема одлучено…

Во интервјуто за RadioMarca, неизбежно беше прашањето за можниот повраток во Севиља. Ракитиќ не двоумеше…

„Се надевам, сите во клубот го имаат мојот телефонски број. Ни јас немам уште 10 години фудбал. Сите знаат колку го сакам и клубот и мојот град, Севиља. Независно од која позиција би можел да помогнам, секогаш би бил подготвен да се вратам и да бидам тука за што и да е. Секогаш сум достапен за фудбалскиот клуб Севиља и се надевам дека претседателот еден ден ќе ме повика и ќе бидам подготвен’, рече Ракитиќ, пренесува „Tportal“.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл со шест гола но без победник (видео)

Барселона и Интер вечерва го одиграа еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите…