Дома Фудбал Радикален потег на „Олд Трафорд“: Му ги уништија соништата поради Онана, а сега даваат богатство да го донесат

Радикален потег на „Олд Трафорд“: Му ги уништија соништата поради Онана, а сега даваат богатство да го донесат

Во Манчестер Јунајтед полека го губат трпението и изгледа дека ова лето на Олд Трафорд ќе дојде нов голман, што значи дека судбината на Андре Онаа во дресот на “Црвените ѓаволи” е под голем знак прашалник.

Манчестер Јунајтед играше во четвртокот на гости против Лион во натпреварот од четвртфиналето на Лига Европа кој заврши со резултат 2:2.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Голот за 2-2 за францускиот тим го постигна Черки, но она што го одбележа тој погодок беше неверојатната грешка што ја направи Андре Онаа.

По таа грешка, Онаа беше во центарот на вниманието, а тоа е само една од неколкуте катастрофални грешки.

Клубот реши летово да се впушти во потрага по нов голман, а изборот падна во Серија А, поточно во екипата на Парма.

Манчестер Јунајтед е решен да го доведе 22-годишниот голман Зион Сузуки и според пишувањата на британските медиуми, подготвени се да понудат на Парма 40 милиони евра, што е отприлика сумата што и во Парма ја сакаат за својот голман.

Фото: Манчестер Јунајтед/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се враќа на работа во Премиерлигата!?

Тотенхем минува низ една од своите најслаби сезони во поновата историја, моментално се нао…