
Фудбалерот на Марсеј, Адриен Рабио доби брутални навреди за време на натпреварот против неговиот поранешен клуб ПСЖ.
Рабио често беше означен во минатото како човек кој игра фудбал исклучиво поради пари. Многумина ја сметаат неговата мајка Вероника како главен виновник за сите потези во неговата кариера, чии алчни побарувања 29-годишникот често го плати со цена.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Фудбалерот порасна во Париз. Со години го носеше дрес на ПСЖ, но потоа ја одби понудата што му беше дадена за продолжување на соработката и замина во Јувентус за повеќе пари.
Потоа, Вероник правеше проблеми и во другите клубови. Често Јуве сакаше да го продаде Французот, но нејзините барања до Манчестер Јунајтед, Барселона, Атлетико Мадрид и многу други екипи беа непремостливи пречки.
На крајот заврши во Марсеј. Се знаеше дека поради тоа го очекуваше прилично жесток пречек на „Паркот на принцовите“ и тоа точно се случи.
.📸 Порака од ултрасите на ПСЖ до Рабио: “Лојалноста е за мажите, предавството за *курвите. Каква мајка, таков син.” pic.twitter.com/Nzn3jdvM9T
— The Touchline | Football Coverage (@TouchlineX) March 16, 2025