
Новак Ѓоковиќ ќе учествува во своето 53-то полуфинале на грен-слем турнирите, откако во четвртфиналето на УС Опен го победи домашниот претставник и четврти носител на турнирот, Тејлор Фриц. По мечот, во кој изрази незадоволство од однесувањето на публиката, ја поздравуваше со бакнежи и на крајот сè заклучи со танц, Ѓоковиќ обезбеди место меѓу четворицата најдобри на турнирот после резултат 6:3, 7:5, 3:6, 6:4.
На 38 години и 94 дена, српскиот тенисер стана најстариот играч во Опен ерата кој во истата година стигнал до полуфинале на сите четири грен-слем турнири. Во оваа сезона, беше запрен во полуфиналата на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а сега го очекува дуел со вториот носител, Карлос Алкараз.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во текот на мечот, Ѓоковиќ беше вознемирен од однесувањето на публиката, па во почетокот на третиот сет му се пожали на судијата, прашувајќи што ќе направи за да ја запре бучавата додека сервира. Веројатно, не му одеше во полза тоа што крајот на вториот сет го прослави со бакнежи кон навивачите кои правеа врева.
Новак Ѓоковиќ за публиката: „Тие ми прават услуга. Што повеќе навиваат против мене, толку подобро за мене. Тие будат нешто во мене што не сакаат да видат – победник.”
— Дени (@DjokovicFan_) 3 септември, 2025
Тие никогаш не учат.pic.twitter.com/I5XfRyYSH0
Ѓоковиќ го прашува судијата што ќе направи за публиката која прави бучава додека тој се обидува да сервира во мечот против Фриц на УС Опен
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) 3 септември, 2025
Новак: „Што ќе направите?”
Судија: „Нема да помогне, Новак” pic.twitter.com/ukR100mLGj