Дома Останати Ракомет Првото коло од новата сезона во ракометната сезона носи дерби!

Првото коло од новата сезона во ракометната сезона носи дерби!

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска беше извлечена ждрепката која ги определи редните броеви на екипите за новата сезона во Суперлигата, а со тоа автоматски се добија и двојките за првото коло.

Актуелниот првак Еурофарм Пелистер ќе ја започне одбраната на титулата со гостување кај Бутел, додека Вардар на стартот ќе се сретне со Струга.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Првото дерби во сезоната ќе се одигра во Скопје и тоа уште во првото коло, екипите на Алкалоид и Охрид ќе се соочат во салата во Автокоманда, во меч кој може да даде рана насока за амбициите на двата тима.

Второт тим на Пелистер ќе се соочи со Радовиш, додека во преостанатите два дуели Пролет ќе игра со Тиквеш, а Куманово против Прилеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Уште една „бомба“ од Охрид: Се засили со македонски репрезентативец!

Иако сезоната е веќе во полн ек, ракометниот клуб Охрид продолжува активно да го засилува …