Дома Моторспорт Први проблеми за Хамилтон: Го оштети болидот на Ферари на треингот во Барселона

Први проблеми за Хамилтон: Го оштети болидот на Ферари на треингот во Барселона

Луис Хамилтон вчера првпат седна зад управувачот на болидот на Ферари, а веќе денеска доживеа несреќа на тренингот во Барселона.

Имено, на денешниот тренинг во Барселона, Хамилтон го удри болидот откако изгуби контрола пред целната рамнина и удри во заштитната ограда.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Среќа за Британецот, тој помина без повреди, но болидот на Ферари претрпе значителни оштетувања.

Поради тоа, Шарл Леклер ќе биде на патеката подоцна од предвиденото, бидејќи треба да почека за да го поправат болидот механичарите.

Она што е особено интересно е тоа што утре во болидот на Ферари последниот ден од тестирањето во Барселона ќе седнат Дино Бегановиќ и Антонио Џовинаци, кои ќе се борат за местото резервен возач на славната италијанска екипа за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

(Видео) „Не ги чувствувам рацете и стапалата“: Фернандо Алонсо мораше да ја прекине трката во Кина

Највозрасниот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо (44), двократен шампион во овој спорт, се…