
Трошоците на Манчестер Јунајтед за отпуштање на тренерот Рубен Аморим би можеле да достигнат 15,9 милиони фунти, соопшти денеска клубот.
Аморим беше сменет од позицијата тренер на 5 јануари, по само 14 месеци на таа функција, а тоа следеше кратко по неговите провокативни коментари за неговата положба во хиерархијата на Јунајтед.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Како што е наведено во финансискиот извештај на клубот, 6,3 милиони фунти се однесуваат на ангажирањето на Аморим од Спортинг во ноември 2024 година.
Сумата од 15,9 милиони фунти претставува потенцијален максимален долг на Јунајтед кон Аморим и неговиот стручен штаб.
Во поднесениот документ не е прецизирано, но медиумските извештаи укажуваат дека конечната сума вклучува фактори како тоа дали и кога Аморим ќе најде нова работа.
Аморим на клупата на тимот од “Олд Трафорд” го наследи Мајкл Керик и Јунајтед од тогаш забележително напредува и се наоѓа на четвртото место на табелата на Премиер лигата.