
Стоперот на Арсенал Габриел има полесна повреда и е под знак прашање за дуелот со Кристал Палас.
Оваа вест денес ја потврди менаџерот Микел Артета.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Габриел почувствува нелагодност во мускулот по завршување на натпреварот со Атлетико. Ќе видиме дали ќе биде подготвен за Кристал Палас”, изјави Артета.
Шпанецот оваа година не треба да се грижи во вакви случаи, бидејќи летово пристигнаа Кристијан Москера и Пјеро Хинкапије. Се очекува Габриел да го замени Москера, заедно со Вилијам Салиба.
Освен Габриел, повредени се уште Мартин Едегард, Нони Мадуеке, Кај Хаверц и Габриел Жезус.
Натпреварот Арсенал – Кристал Палас е закажан за недела во 15.00 часот.