Дома Фудбал Проблеми во Јувентус: Фудбалер призна дека не го поднесува Мота

Проблеми во Јувентус: Фудбалер призна дека не го поднесува Мота

Фудбалерите на Јувентус испаднаа од Лигата на шампионите, а потоа и од Купот на Италија.

Но, тоа не се единствените проблеми за гигантот од Торино. Како што пишуваат италијанските медиуми „Кориере дела Сера“, еден од фудбалерите чиј идентитет не е познат, изјавил дека не го поднесува тренерот, Тијаго Мота.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Наводно, тој му се доверил на еден пријател и рекол дека не е единствениот што има такво мислење за стратегот.

„Не можам да го поднесам и не сум единствениот. Никогаш не можеш да знаеш што да очекуваш. Можеш да почнеш или да останеш на клупа цело време, 90 минути“, рекол еден од фудбалерите на тимот во кој игра и српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

Ова не е прв пат во италијанските медиуми да се појавуваат шпекулации за лошиот однос меѓу Мота и тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е фаворит на мароканската федерација

Поранешниот славен фудбалер и потоа старши тренер на Барселона, Чави Ернандес, може да ста…