Фудбалскиот клуб Ваљадолид го обвини Манчестер сити дека го поттикнал еден од играчите на шпанскиот тим да го раскине договорот за да изнуди премин во англискиот клуб.
Одбранбениот фудбалер на Ваљадолид Џума Ба го извести во вторникот раководството на клубот дека има намера да го раскине договорот, по што Сити би можел да го ангажира за помалку пари, пренесува Би-Би-Си (BBC).
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сити претходно истиот ден испрати барање до Ваљадолид да започне преговори за трансфер на 18-годишниот фудбалер од Сиера Леоне, се наведува во соопштението на Ваљадолид.
Ба вчера не се појави на тренинг, а Фудбалската федерација на Шпанија потврди дека го исплатил потребниот износ за раскин на договорот.
Ваљадолид соопшти дека одлуката на тинејџерот “наводно е поддржана и водена од Манчестер сити и неговиот менаџер” и дека предизвикала големо разочарување и загриженост.
“Клубот смета дека Манчестер сити стои зад одлуката на играчот и се чини дека го советувал играчот да тргне по тој пат”, се додава во соопштението.
Ба минатото лето премина во Ваљадолид на заем од клубот AIK Фритонг од неговата родна Сиера Леоне, а шпанскиот клуб на почетокот од месецот ја искористи клаузулата во договорот и го откупи..
Ба сè уште е под младински договор и досега одбиваше да потпише сениорски договор кој би значително ја зголемил откупната клаузула во неговиот договор.
Ваљадолид соопшти дека ќе покрене дисциплинска постапка против него и дека ќе направи сè што е потребно за да ги заштити своите интереси.