Дома Фудбал Претседателот на Ла Лига за регистрацијата на Олмо: Каде е сега Реал?

Претседателот на Ла Лига за регистрацијата на Олмо: Каде е сега Реал?

Високиот спортски совет (CSD) пресуди во корист на Барселона и дозволи привремена регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор. Неочекуваната одлука беше донесена вчера, откако претходно Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација одбија регистрација на двајцата фудбалери, но е само привремена.

Имено, на Барселона и беше признаено правото на жалба, што значи дека конечната одлука ќе биде донесена по процесирањето на жалбата, со рок од три месеци. Тогаш регистрацијата ќе остане на сила или сè ќе се врати на старо и Барселона ќе остане без Олмо и Виктор до крајот на сезоната.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваа дека претседателот на Барселона Жоан Лапорта бил на стадионот во Џеда, Саудиска Арабија, (пред натпреварот меѓу Атлетик и Барселона во кој Каталонците победија со 2:0) кога дознал дека Олмо и Виктор ќе бидат регистрирани.

Наводно по почетната радост, брзо се изнервирал и ги навредувал членовите на управниот одбор на Шпанската фудбалска федерација (RFEF). Ги нарекол “безсрамници”, “кукавици” и “исплашени” затоа што не ја одобриле порано регистрацијата на неговите играчи.

Лапорта исто така имал момент на напнатост со Рафаел Лоузано. Радиото „Cadena SER“ потврди дека челникот на Барса лично разговарал со претседателот на шпанската федерација за да му “каже четири зборови во лицето”.

Сега, ден по пресудата, преку својот X профил се изјасни Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига. Тој претходно ја одбил регистрацијата на Олмо и Виктор, а сега ја критикуваше одлуката на Високиот спортски совет и ја нападна службената телевизија на Реал Мадрид, која не го покриваше случајот. RMTV е позната по тоа што во своите емисии често ги критикува одлуките (главно судиски) кои се на штета на Реал.

“Има многу изненадувачки работи околу неодамнешната привремена мерка: 1. Брзина на процесот: Необична брзина која не дозволи ниту на Ла Лига, ниту на RFEF да се изјаснат. 2. Игнорирање на претходните одлуки: Игнорирани се претходните одлуки и на CSD и на судовите на правдата. 3. Изјава за недостаток на надлежност на Надзорниот одбор: Оваа одлука покажува длабоко незнаење како се управуваат претходните визи и квази-дефинитивни лиценци. Зарем во тие институции нема претходни договори?”

“Јасно е дека CSD со оваа привремена мерка противречи на она што е изложено во образложението на Законот за спортот, кој го велича економскиот надзор на Ла Лига. Тој надзор, ценет низ целиот свет, беше клучен за спасување на бројни историски клубови од пропаст и постигнување интегрирана конкуренција на и надвор од теренот. Меѓутоа, CSD го доведува во прашање тоа, повторно покажувајќи незнаење за ефектите од своите одлуки (што не е прв пат).”

“Веќе некое време CSD – и особено неговиот претседател, давајќи соодветни упатства – како да има цел да ги разгради системите кои функционираат во Ла Лига и кои имаат мнозинска поддршка од клубовите. Претседателот на CSD како да слуша само еден глас, кој не го претставува шпанскиот професионален фудбал. И тој глас, интересно, останува комплицитен во оваа прилика. Каде е сега Реал Мадрид ТВ?” се пишува во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова снимка од повредата на Бентакур (Видео)

На натпреварот од Лига купот што се одигра во Лондон помеѓу Тотенхем и Ливерпул (1:0), деф…