Дома Фудбал Премиер лигата ја „обвини“ УЕФА поради скратениот Boxing day

Премиер лигата ја „обвини“ УЕФА поради скратениот Boxing day

Дефинитивно е потврдено дека, за разлика од претходните години, на познатиот „Boxing day“ ќе се одигра само еден натпревар од Премиер лигата наместо како досегашната практика речиси цело коло.

Се шпекулираше за причините, но својата верзија ја даде најрелевантниот Премиер лигата, која го впери прстот во УЕФА.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Премиер лигата би сакала да ги открие околностите кои доведоа до намалување на бројот на натпревари за Boxing day оваа сезона, што влијае на традицијата на англискиот фудбал. Проширените еврокупови донесоа неколку предизвици за креирање на распоредот на натпреварите во Премиер лигата. Тоа доведе до ревизија на целиот домашен календар, како и на ФА купот. Тоа сѐ доведе Премиер лигата да биде натпреварување со само 33 викенда, помалку од кога било. А со помалку викенди, лигата мораше да го прилагоди календарот – стои во соопштението.

Споменатото проширување на натпреварувањата на УЕФА се случи уште минатата сезона, кога беа воведени четири дополнителни недели во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра виден во Лондон – Милано ќе стане централна точка на НБА во Европа!

Со секој изминат ден, сè сме поблиску до решението на идниот НБА проект во Европа, кој би …