Дома Фудбал Преговорите веќе започнале: Гвардиола може да добие големо засилување од Реал Мадрид?

Преговорите веќе започнале: Гвардиола може да добие големо засилување од Реал Мадрид?

Родриго во 2025 година игра во одлична форма, откако 2024 година беше предизвикувачка поради прилагодувањето со доаѓањето на Килијан Мбапе. Бразилецот со своите настапи во елиминационата фаза на Лигата на шампионите докажа дека и натаму останува важен играч во поставата на Карло Анчелоти. И покрај тоа, сѐ погласни се шпекулациите за неговото напуштање.

Во повеќе наврати, Бразилецот јавно истакна дека сака да остане во Реал, но тоа не ги спречи Манчестер Сити и Ливерпул да продолжат да покажуваат интерес. Наводно, Родриго минатото лето ја одби понудата на Сити. Сето тоа не го обесхрабри Сити. Пеп Гвардиола е голем обожавател на Родриго, а Сити ова лето планира голема реконструкција на тимот, во која клубот би можел да го напуштат Кевин Де Брујне и Бернардо Силва. Според тврдењата на дел од шпанските медиуми, Сити неодамна одржа состанок со таткото на Родриго.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Инда тврди дека таткото на Родриго и неговиот тим негираат дека состанокот се случил, но според неговите извори, средбата се одржала пред две до три недели. За време на разговорот, Сити му понудил на Бразилецот две клучни работи – значително зголемување на платата и слобода да игра на неговата омилена лева позиција, што во Реал Мадрид не е можно.

Сето ова не значи дека 24-годишното десно крило ќе го напушти Реал Мадрид, но е уште еден во низата сигнали дека би можел да се пресели во Премиер лигата. Останува прашањето дали Реал воопшто би бил подготвен да преговара за неговиот трансфер на играчот кој оваа сезона има учинок од 13 голови и осум асистенции во 41 одигран натпревар.

Родриго има договор до летото 2028 година. Трансфермаркт го проценува на 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Анчелоти пред важна одлука – ќе прифати предизвик каков што немал досега во кариерата!?

Фудбалската федерација на Бразил се подготвува за се или ништо и сака Карло Анчелоти на кл…