Дома Останати Кошарка Пред два дена едвај одеше: Се појави ново видео од Дончиќ кое ги воодушеви навивачите (Видео)

Пред два дена едвај одеше: Се појави ново видео од Дончиќ кое ги воодушеви навивачите (Видео)

Лука Дончиќ (25) на Божиќ го напушти натпреварот на Далас Маверикс против Минесота Тимбервулфс поради повреда во втората четвртина. Брзо беше откриено дека ова е неговата најтешка повреда откако е во НБА лигата. Словенечката ѕвезда поради истегнување на мускулот на листот од левата нога нема да игра најмалку еден месец.

Пред само два дена беше објавено видео на кое се гледа како Дончиќ едвај оди и тоа предизвика загриженост кај фановите за неговата состојба.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Но, сега ситуацијата изгледа се променила и тоа на подобро .Во тимот од Лос Анџелес неодамна пристигна Дориан Фини-Смит, поранешен играч на Далас и голем пријател на Дончиќ. Словенецот дојде да го поздрави, а навивачите забележаа дека оди сосема нормално и без никаква помош и се надеваат дека ова е добар знак во процесот на закрепнување, а ваквата брза промена медиумите ја истакнуваат како „неверојатна“. .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…